Подобрени условите на следење настава за околу 2.900 ученици во Гевгелиско
За околу 2.900 ученици од општина Гевгелија, кои денеска се вратија во училишните клупи во првиот ден од второто полугодие на учебната година, во текот на измината година се реализирани мерки за подобрување на условите за нивниот престој и за следење на образовниот процес.
Конкретно, во основното образование во општината лани биле вложени околу 6 милиони денари за подобрување на условите за настава од кои најмногу или 2,6 милиони денари биле инвестирани во основното училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија за набавка на нови нагледни средства и лектири, за нов училишен мебел, за замена на врати, реновирање тоалети и за варосување на подрачните училишта во Богородица и Мрзенци.
Во текот на минатата година условите за следење настава на многу повисоко ниво се подигнати и во основното училиште „Ристо Шуклев“ во Негорци каде биле вложени 1,9 милиони денари пред се за реконструкција на соблекувалните во спортската сала, за набавка на нови нагледни средства, нов училишен мебел, за набавка на нов разгласен систем и за целосна реконтрукција на подрачното училиште во подпланинското село Кованец во кое по подолго време денеска повторно се слушна детскиот џагор.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање