-->
-->
Поднесено обвинение за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје
-->
Скопското Јавно обвинителство до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави обвинение против едно лице за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
-При вршење на претрес во домот на осомничениот на улица „Христофор Жефаровиќ“ во Скопје на 11 јуни, полициски службеници пронајдоа наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 11,45 грама, спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Биле пронајдени и 0,62 грама психотропна супстанца 3,4 – метилен – диоксиметамфетамин. Осомничениот неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка CZ100 со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршуми муниција за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје доставил и предлог за продолжување на определената мерка притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово