Македонија
26. September 2016 - 12:50

Поднесено обвинение против мајката која го малтретираше своето 18 месечно дете

Основното јавно обвинителство - Скопје денеска поднесе обвинение против мајката која на 31.август физички го малтретирала своето 18 месечно бебе.

По завршување на истражната постапка и прибирање на доказите во предметот, соопшти скопското Обвинителство, мајката е осомничена за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител заедно со доставениот Обвинителен акт, доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата.