Македонија
22. May 2020 - 20:40

Подморница ќе плови по Охридското Езеро

Главниот туристички центар пред почетокот на сезоната  ја збогатува  понудата.По теркот на морските туристички дестинации  и Охрид со интересно  пловило произведено во Хрватска кое го  има на Малдиви Кариби и Црвено море ќе ги привлекува туристите.

Охридското езеро доби нова атракција полуподморница.

Станува збор за пловило со стаклен под за посетителите да можат да уживаат во водниот свет, но и подводните локалитети во езерото.

Полу подморницата која плови на површината од водата и може да смести 12 лица нуди панорамски разглед на метар и половина под нивото на езерото.

Од Капетанија на пристаништата велат дека има интерес најразлични пловни објекти да се донесат во водите на Охридското езеро бидејќи секоја атракција е добредојдена за посетителите .

Инаку пловилото со поглед на подводниот свет, е сопственост на компанија од Кавадарци и чини околу 130 илјади евра.