Македонија
23. јуни 2020 - 16:42

Подмладоците на политичките партии се обврзаа на фер изборен процес

Подмладокот на партиите се обврза на фер и демократски избори. Претставници на вкупно 33 политички партии денеска го ставија својот потпис на документот кој треба да гарантира демократски изборен процес и спречување на говорот на омрза. Од Институтот кој го организира потпишувањето на декларацијата велат дека за разлика од возрасните, подмладокот на политичките партии е поодговорен во своето однесување за време на кампањата и денот на изборите.

„Младите за разлика од сениорите успеаа до сега во текот на годините да изградат еден здрав и квалитетен политички дијалог затоа што од кога ние почнавме со програмата политички дијалог помеѓу младите политичари сме имале најразлични активности во кои младите секогаш биле рамо до рамо заеднички во иницјативи и начини на решавање на проблеми кои не сме ги виделе кај постарите. Младите се тие кои даваат надеж следат едни подобри времиња на политичката сцена во Македонија“,Билјана Јанева, Институт за економски стратегии и меѓународни одонси – Охрид.

Од институтот додаваат дека потпишувањето на декларацијата е и повик до младите да излезат на гласање. 

Ова е петти изборен процес во кој подмладокот на политичките партии превзема обврска за демократско однесување во текот на кампањата..

Ваков документ минатата недела потпишаа и партиите кои ќе учестуваат на изборите на 15 јули.