Македонија
12. April 2019 - 16:09

Подмладоците на политичките партии се обврзаа на фер и демократски изборен процес

29 подмладоци на политичките партии потпишаа Декларација за слободни, фер и демократски избори. Оваа Декларација има за цел да го намали говорот на омраза, но и да ги претстави младинските политики на големата сцена. Од Институтот „Охрид“ велат дека младите политичари честопати се жртви на говор на омраза.

-Тие ја имаат зрелоста и мудроста да ги препознаат овие негатвини појави во општеството и заеднички да се борат против говорот на омраза и наместо тоа да користат креативност и позитивна енергија за промовирање на своите идеи, изјави Билјана Јанева, извршен директор на Институтот „Охрид“.

Претставниците на партиите рекоа дека со вакви инцијативи се зголемува политичкиот дијалог во државата, што придонесува до подобрување на демократијата.

Ова е четврти пат по ред кога младите политичари потпишуваат ваква декралација. За прв пат тоа се случи во 2014, а потоа и во 2016 и 2017 година.