Македонија
24. February 2020 - 14:25

Подигнато нивото на готовност во Македонија поради ковид 19 - Во земјата пристигнаа уште тројца кинески работници

Од денеска во земјата е подигнато нивото на готовност поради корона вирусот, соопштија здравствените власти. Контрола на сите патници на скопскиот аеродром и епидемиолошки тимови на охридскиот, проверка на сите гранични премини се само дел од мерките што ги утврди Комисијата за заразни болести.

- Препорачувам до сите граѓани ако немаат потреба овој период да не патуваат во Италија, изјави министерот за здравство.

Дали ќе побараат и одложување на средношколските екскурзии во Италија, Филипче вели дека за тоа ќе дискутираат на попладневниот состанок со ЦУК каде треба да видат и министрите за одбрана и за внатрешни работи.

Филипче информира дека денеска пристигнале уштре тројца кинески работници од СИНОХИДРО, немале никакви симптоми, но и тие ќе бидат под 14 дневен здравствен надзор во Кичево.

 

Сања Димитровска