Македонија
24. November 2015 - 9:08

Подготвителен состанок за здравје и животна средина

Управување со ризиците од аерозагадувањето, управување со разните видови отпад, изградбата на отпорни урбани населби и справувањето со климатските промени е тема на дводневниот состанок на Извршното тело на Европскиот процес за здравје и животна средина што се одржува во Скопје.

Состанокот е дел од подготовките за следната VI-та министерска конференција за здравје и животна средина која ќе се одржи во 2017 година.

Поздравно обраќање ќе има министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.