Македонија
14. јуни 2017 - 17:07

Подгответе се за силно невреме - дожд, ветер и грмотевици во Скопје

Следува период на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд со променлив интензитет и проследени со грмежи.

 Денес попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните и северните делови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

 Утре ќе преовладува променливо облачно време. Претпладне и околу пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, ќе биде во западните, а попладне во југоисточните делови.

 Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок кон сабота.

 За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.