Македонија
28. July 2015 - 11:29

Подгответе се за пеколни температури - Од утре цела Македонија во жолта фаза

Сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер со променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервалот од 14 до 23, највисоката дневна од 34 до 39 степени.  УВ = 9

Во Скопје сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура околу 18, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Потоа до петок следува стабилно суво и многу топло време, температурите на повеќе места ќе бидат над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

Денеска прогнозираните дневни температури  во источните делови од земјава, влегуваат во жолта фаза на предупредување од високи температури од метео алармот кој е воспоставен од УХМР.

Од утре цела Македонија влегува во жолта фаза

Во деновите кои следат, температурите ќе имаат нагорен тренд