Македонија
8. September 2015 - 12:40

Подгответе се за невреме - Влажен бран доаѓа кон Македонија

Сончево претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно од северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а највисоката дневна ќе достигне до 25 степени.

Во среда кон крајот на денот и во четврток нашава земја ќе да биде под влијание на влажен бран од Медитеранот.

Обилни врнежи од дожд се очекуваат в четврток преку денот кои ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, наместа е можна појава на град и силни електрични празнења и силен ветер, локално во форма на невреме.

Во западните и југозападните делови на земјава врнежите ќе бидат пообилни, наместа се очекува да наврнат над 30 l/m2воден талог.