Македонија
11. April 2017 - 11:30

Подгответе се за дожд за празниците - влажен бран доаѓа кон Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Попладне ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен дожд, особено во планинските подрачја, каде што е можна и ретка појава на грмежи. Најпрвин ќе дува слаб ветер од јужен правец, а кон крајот на денот ветерот ќе се промени во северен и ќе биде слаб до умерен.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

До сабота ќе се задржи сончево време, попладне со зголемување на облачноста и со услови за краткотраен дожд претежно во планинските региони. Во сабота ќе има повеќе облачност и услови за појава на грмежи. Позначителен влажен бран се очекува да помине во недела и во понеделник и ќе биде проследен со умерени до повремено поројни врнежи од дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали.