Македонија
15. December 2017 - 23:29

Подгответе се: Од утре голема промена на времето

Од утре попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови на планините ќе врне снег, а во недела ќе има врнежи од слаб снег и на некои повисоки места, особено на запад и на север.

Под влијание на северно воздушни струење од недела се очекува температурите значително да опаднат, така што веќе од почетокот на следната работна недела утринските температури ќе бидат под нулата.