Подгответе се - нов влажен бран во Македонија
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне во јужните делови се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а преку денот облачноста насекаде ќе се намалувa. Ќе дува слаб, а во источните делови по должината на Повардарието умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Слаби локални врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток во вечерните часови и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе биде постудено со пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни.
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти