Македонија
28. October 2016 - 13:55

Подгответе се: Еве кога доаѓа првиот снежен бран во Скопје

Спуштањето на студениот бран малку ги помести прогнозите на метеоролозите кога станува збор за доаѓањето на снегот во градските средини, односно на местата пониски од 1000 метри надморска височина. 

Иако станува збор за долгорочни прогнози кои не се секогаш прецизни и често се менуваат, како што се движат воздушните маси, сепак, добри се кроење планови, особено за оние кои планираат патувања, скијање и слични активности кои зависат од снегот. 

Во Скопје, според овие прогнози, првиот снег можеме да го очекуваме во последната недела од ноември. Нема да го има многу но можно е да се формира мала снежна покривка. 

Тоа ќе биде и единствениот „снежен бран“ со оглед на тоа дека до крајот на годината, не очекува релативно суво и не многу студено време, а новогодишните празници, метеоролозите најавуваат сончеви денови и утра со температури до минус 5 степени