Здравје
30. September 2015 - 20:34

Подготвено дочекајте ги вирусите – коктел за јакнење на имунитетот

Не е проблемот во вирусите, туку во способноста на организмот успешно да се избори со нив.

Луѓето н вируси се изложени секој ден, ги носат во себе, но ќе се разболат дури тогаш кога ќе им падне имунитетот. Значи не е проблемот во вирусите, туку во способноста на организмот успешно да се избори со нив.

За јакнењето на имунитетот доволно е да набавите неколку намирници и од нив да направите коктел и да го консумирате секој ден.

Неколку едноставни напивки за јакнење на имунитетот:

  •   Земете корен од ѓумбир, и сварете го како чај. Откако малку ќе се олади, додадете мед и лимон.
  •   Ѓумбирот проварете го во вода, оставете го да отстои пет минути и додадете чај од камилица. Процедете и додадете сок од лимон и мед.
  •   Сварете цимет, и откако ќе се олади додадете мед
  •   100 гр. сушена кајсија
  •   50 гр. аронија
  •   100 гр. суви смокви
  •   200 гр. суви сливи
  •   1 среден корен од ѓумбир
  •   100 мл. сок од лимон
  •   100 гр. бадеми
  •   100 гр. ореви
  •   50 рг. лешници
  •   50 гр. брусница
  •   3 лажици мед со прополис и матичен млеч
  •   250 гр. мед

За јакнење на имунитетот важно е и доволно да спиете, бидејќи ненаспаноста го исцрпува организмот, па тој е поподложен на болести.

Сируп за јакнење на имунитетот од домашна работилница:

Подготовка:

Сите состојќи ставете ги во стаклен сад, но крупното сушено овошје претходно исецкајте го, јатастите плодови сомелете ги, а ѓумбирот изрендајте го. Се заедно испасирајте со миксер. Сирупот ставете го во некоја стаклена тегла или сад и оставате да отстои неколку дена пред употребата.

Сирупот може да го консумираат и деца постари од две години, по мала лажица секое утро. Постарите деца и возрасни земаат по една голема лажица на ден.