Македонија
12. July 2018 - 16:05

Подготовките за преговори со НАТО започнуваат овој месец

Тим на НАТО до крајот на месецов ќе пристигне во земјава за да ги води прегворите за пристапувањето на Македонија.

Помошникот на Столтенберг за политички прашања Алваро Гонзалес ќе биде главниот преговарач на НАТО алијансата додека шефот на одделот за Евроатланско и глобално партнерство со НАТО, Џејмс Мекеј ќе биде задолжен за техничките подготовки за преговорите.

Двајцата заедно со власта треба да ги дефинираат деталите за тоа како ќе течат преговорите кои треба да почнат со стартот на есента.

Генералниот секретар на НАТО, вели дека Скопје има прилика која се укажува само еднаш во животот. На новинарско прашање дали стравува од руско мешање во референдумот, Столтенберг рече дека тоа е неприфатливо.

Македонија денеска и официјално ја доби поканата за членство во НАТО. Таа е условена со спроведувањето на Договорот кој Заев и Ципрас го склучија во преспа минатиот месец.