Македонија
30. July 2018 - 17:14

Подготовката за пристапните преговори и референдумот теми на средбата Османи - Пломп

 Активностите кои претстојат во насока на подготовка на државата за почеток на пристапните преговори, новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос Договорот со Грција и поддршката од страна на Кралството Холандија за нашите европски интеграции биле теми на разговор на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Осман со холандскиот амбасадор Ваутер Пломп.
 
- Работиме интензивно на подготовките на тимот и структурата за почеток на преговорите, притоа, задржувајќи го фокусот на Владата кон реформите со кои во наредниот период ќе испорачаме конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби и јавната администрација, но и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите останати клучни области, подвлече Османи.
 
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи нагласи дека имаме јасни европски и евроатлантски перспективи, и како Влада сме целосно посветени на имплементација на преземените обврски, со цел заокружување на процесот на европски и евроатлантски интеграции, посочувајќи притоа дека на тој пат очекува да продолжи искрената поддршка од страна на Кралството Холандија