Поделеност во СДСМ - кој ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Центар
Поделеност во Социјалдемократскиот сојуз за тоа кој ќе биде кандидат за Градоначалник на Општина Центар за претстојните локални избори. Според информациите до кои дојде Дневник, на едната страна на приказната се наоѓа актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, кој најверојатно ќе истрча како независен кандидат. До ваква одлука, како што тврдат извори за Дневник, дошло поради тоа што Жерновски не покажал лојалност кон раководството на СДСМ изминатите 4 години, па ја изгубил поддршката од Зоран Заев.
На другата страна, пак, во игра се две имиња: Саша Богдановиќ, директорот на Паркинзи на општина Центар, и Софија Kуновска, поранешната пратеничка и претседателка на скопскиот разгранок на СДСМ.
Имено, членството што во чекор го следи актуелниот лидер Заев својата поддршка за кандидат за иден градоначалник на Центар веројатно ќе му ја довери на Богдановиќ, кој важи за човек од доверба на лидерот на партијата. Другите, пак, кои не се сложуваат со политиките на лидерот и се реално исклучени од опкружувањето на Заев откако тој дојде на чело на партијата, за предводник на Центар ќе ја поддржат Kуновска. Таа е меѓу оние што отворено ја критикуваат политиката на актуелното партиско раководство. Нејзиниот револт на адреса на Заев за време на партискиот конгрес кога се креираа кандидатските листи за пратеници ги фрли во сенка листите и ги преполни медиумите. Истиот ден Kуновска си поднесе оставка од претседателската функција на скопскиот партиски разгранок на СДСМ, револтирана што Заев на пратеничката кандидатска листа и даде предност на Лилјана Поповска од ДОМ, долгогодишен коалиционен партнер во власта предводена од Никола Груевски.
Голем дел од граѓаните, особено младите, одбија директно да кажат за кого од тројцата би гласале, Сепак, од одговорите може да се заклучи оти Жерновски е во блага предност, но само заради тоа што веќе има искуство на градоначалничката функција. Блиску до него, е Kуновска, а најмалку гласови во овој наш разговор со граѓаните, за кој не претендираме дека е вистински репер за расположението на жителите, би добил Богдановиќ.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот