Македонија
23. March 2016 - 12:54

Поделени 99 нови решенија за легализација во општина Гази Баба

Општина Гази Бабаденеска додели нови 99 решенија за легализација на бесправно изградени објекти на физички и правни лица.

Решенијата ги додели градоначалникот Тони Трајковски кој ја нагласи 
важноста од навремено добивање на информациите за легализација на дивоградбите, бидејќи дивоградбите се третираат како кривично дело и секоја информација за постапката за регуларно и целосно спроведување на процесот на легализација може да ја добијат кај вработените во општината.

Од вкупно поднсените 16.000 барања за легализација од страна на граѓаните доделени се околу 6.300 решенија за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.

Од Општина Гази Баба информираат дека се воведени повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината.