Свет
15. March 2019 - 9:06

Поделби и очај: Осум години од војната во Сирија

Ал Џезира – Доха

Осум години од почетокот на војната во Сирија, при што претседателот Башар ал Асад смета дека ја сочувал својата власт, но режимот под наплив на странци е соочен со расцепкана држава, опустошена од војна.

Од 15 март 2011 година има повеќе од 360.000 загинати, материјалната штета се проценува на 400 милијарди долари, повеќе од 13 милиони се раселени и бегалци, а Дамаск е соочен со огромни предизвици додека третина од сириската територија сè уште не е под негова контрола.

Последиците од победата на режимот над бунтовниците и оружените групи во последните месеци и катастрофалната економска состојба го надмина стравот заради безбедноста.

Странци држат третина од државата
 
Покрај високата невработеност, недостигот на електрична енергија и гас, огромен дел од Сиријците живеат на работ на сиромаштија, оценува ОН.

Опаднат е интензитетот на судирите и самонаречениот калифат на оружената група Исламска држава Ирак и Левант – ИСИЛ е на работ на пропаст, но судирот стана посложен поради присуството на „моќни странски учесници кои контролираат големи подрачја“ и тие би можеле долго да се задржат во Сирија, нагласи Николас Херас, истражувач од Центарот за нова американска безбедност.

Во прв план се Русија и Иран, непоколебливите сојузници на Дамаск, на кои им го должи преживувањето, а кои и натаму се воено присутни во Сирија.

Експертот за сирискиот судир Џошуа Ландис тврди дека во моментов, во таа блискоисточна држава владеат поделби и очај.

Повеќе од третина на земјата е заземена од странски држави, кои создале и финансираат локални милиции, тврди тој.

Идлиб и турско-рускиот договор

Неколку региони се цел на Дамаск, меѓу кои и оние кои се под контрола на Курдите, кои досега ја имаа поддршката на Вашингтон.

Покраината Идлиб ја „штити“ турско-рускиот договор, кој спречи офанзива на режимот на Асад, Турција ги задржа контролните точки и патроли во тој регион, како и присуство во неколку погранични градови.

Вашингтон одлучи да задржи 200 војници на сириска територија, откако претходно најави повлекување на своите 2.000 војници.