Поддржани измените на законите за усогласување на прекршоците

Собранието на Македонија денеска во рамки на 61. седница го поддржа донесувањето по скратена постапка на повеќе закони со кои се врши усогласување на прекршоцните одредби предвидени со Законот за прекршоци.
Вицепемиерот и министер за финансии Зоран Ставрески даде, како што рече, единствено образложение за измените на Законот за данок на додадена вредност, Законот за персонален данок на доход, Законот за данок на добивка, Законот за придонеси од задолжително социлано осигурување, Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за даночна постапка, Законот за акцизи, Царинскиот закон и Законот за царинска управа, сите предложени од Министерството за финансии во кои се вршат усогласувањата.
- Со одредбите што се предлагаат се врши усогласување на прекршоцните одредби предвидени со Законот за прекршоци. Важно е да се напомене дека со ова решение ќе се опреационализира оредбата од Законот за прекршоци согласно која глобите кај правните субјекти ќе се одмеруваат по принципи и критериуми што имаат предвид колкава е големината и економската моќ на фирмата, односно вкупниот приход, бројот на вработени и дали во претходниот период го имаат сторено тоа дело или не. Бидејќи се работи за едноставна измена, која што на ист начин се пресликува во сите акони од оредбите од Законот за прекршоци, предлагаме да се донесат по скратена постапка, посочи Ставрески
Пратениците го поддржаа и предлогот на Владата по скрата постака да се донесе Предлог законот за филмска дејност.
Како што образложи министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, донесувањето на законот по скратена постапка се предлага заради надлежностите на Агенцијата во проширувањето на финансирање на други проекти кои се комплементарни со филмската дејност, како поддршка на производство на аудио-визулени дела. Исто така се предлага заради усогласување на одредени дефиниции со странски меѓународни договори и проширувањето на надлежностите во одлучување на конкурсот на Агенцијата во насока на поддршката на поддршката на производство на аудио-визуелни дела од страна на Филмскиот совет и филмските рецензенти.
- Измените не се од системски карактер, но се од огромно значење за непречно остварување на активностите на Агенцијата за филм бидејќи во текот на годината имаат неколку конкурси, појасни Канческа Милевска
Ново на Сител
-

Пленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена
-

По Лондон, Зеленски патува во Брисел и Рим на разговори за американскиот мировен план за војната во Украина
-

Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-

Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува заменик-министерот за економија
-

Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Пресека
-

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива
-

ГП Евзони (Богородица) блокиран за влез и излез
-

Гласот на вековите: Свети Климент Охридски меѓу својот народ
