Бизнис
16. јуни 2017 - 9:03

Поддршка за вработување млади, невработени и жени

Завршна конференција за проектот „Поддршка за вработување на младите, долгорочно невработените и жените“ ќе се одржи денеска на Скопскиот саем.

Проектот е финансиран од Европската унија со два милиони евра од ИПА фондот во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2016.

Целта на проектот беше да се интегрираат младите, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, односно да се зголеми нивната вработливост преку подобрување на знаењето и вештините.

Се проценува дека 4.500 невработени луѓе имале придобивки од проектните активности, меѓу кои стажирање, обуки за вештини потребни на пазарот на трудот,.