Поддршка за промоција на архео-астрономска опсерваторија Кокино
Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, директорката на НУ Музеј Куманово Анита Цветановска и арехеолозите од оваа установа денеска го посетија локалитетот Кокино, каде ги промовираа патоказните и информативните табли, заштитните огради за камените тронови на локалитетот, кои се реализираат преку УСАИД и Владата на Швајцарија преку проект за експанзија на мали бизнис во соработка со локалната акциската група Абер 2015.
- Ова е локалитет кој кажува многу за историјата на овој регион и затоа е многу важно да се зачува во својата автентична состојба. САД се вклучени во напорите да се заштити Кокино уште од 2006 година. Минатата година преку проектот на УСАИД за експанзија на малите бизнис, кој исто така става фокус на развивање на туризмот на Кокино, почнавме да работиме на обнова на инфраструрата за да се заштити локалитетот и исто така за да се подобри како туристичка дестинација, рече амбасадорот Бејли.
Тој објасни дека во соработка со Музејот на град Куманово и локалната акциска група Абер 2015 започнале да работат на поставување на патокази, инфо табли, на мобилна апликација која помага за изведување самостојна тура на Кокино.
Амбасадорот нагласи дека поставените табли и знаци се мошне важни за да се сфати астрономското значење на Кокино.
- Исто така поставена е и ограда бидејќи некои делови се многу лесно кршливи, заради природата на каменот и е важно да се заштитат, затоа што биле направени во нив исекотини уште пред 3.000 години и сакаме да ги зачуваме уште толку, рече амбасадорот.
Со поставувањето на инфо таблите, патоказите и обајснувања, амбасадорот Белји се надева дека Кокино ќе привлече уште повеќе туристи, кои ќе донесат бенефити за локалната заедница и ќе помогнат за развој на локалната економија. Нагласи додаде дека станува збор за исклучително место со фантастична природа и дека е задоволство да се работи на негово развивање.
Директорката на НУ Музеј Куманово, Цветановска додаде дека е задоволство што овој локалитет го посетува амбасадорот на САД и нагласи дека на Кокино се работи уште од 2001 година кога за прв пат е истражен како Татиќев Камен, а сега по 15 години е познат како архео-астрономска опсерваторија Кокино.
Локалитетот, прецизира, се работи со поддршка на Владата и на Министерството за култура на Република Македонија.
- Кокино е Владин четиригодишен проект на кој веќе се работи на инфраструктурата, а се со цел уредување на пристапните патеки, на патот, поставување на мала сувенирница, на мал музеј, мал ресторан, оградување на локалитетот, со цел да се стави во туристички цели за поголема промоција на самиот локалитет, изјави Цветановска.
Објасни дека 15 години во континуитет, установата ги врши археолошките истражувања. Досега, додаде, е истражен светилишниот дел, а годинава ќе продолжат со истражување на јужната страна..
Цветановска најави дека утре во Куманово, во Уметничката галерија, министерката за култура ќе ја отвори изложбата на која ќе бидат презентирани експонатите што се најдени при археолошките истражувања на Кокино. Таа додаде дека изложбата се одржува под покровителство на Министертвото за култура и на Владата на Република Македонија.
Ова ќе биде втора изложба на експонати во Кокино,а првата се одржала во 2006 со поддршка на Американкста амбасада.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.