Поддршка за премиерот од влијателни американски конгресмени
Признание за постигнатите резултати и благодарност за одвоеното време и посетата за Груевски од Пити Сешн. Претседателот на еден од највлијателните конгресни комитети Законодваниот комитет на конгресот кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите и правилата за усвојување на американските закони беше домакин на македонската делегација предводена од премиерот Груевски. Сешн важи за еден од највлијателните американски конгресмени од редот на Републиканската партија.
Груевски и Сешн ги поздравиле билатералните односи помеѓу Македонија и САД изразувајки заложби за личен ангажман за нивно продлабочување и унапредување. На средбата било разговарано и за можностите за унапредување на економската соработка, но и за интеграцијата на Македонија во НАТО како важен чекор за регионалната стабилност и бебзбедност. Сешн и Груевски разговарале и за мигрантската криза, начинот на кој Македонија ја менаџира состојбата и користењето на искуствата од САД:
Во рамките на еднодневната посета на Соединетите Американски Држави, Груевски оствари средба и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност, кој е и потпретседател на Интерпол.
На средбта со Берсин било разговарано за можностите за унапредување на соработката на во областа на безбедноста и превенцијата од безбедносни ризици.
-
Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар