Македонија
1. December 2017 - 19:01

Поддршка за членство на Македонија во НАТО на трилатералната министерска средба во Охрид

Зажувување на иницијативата од 2004 и 2005 година за Коридорот 8, соработка помеѓу воените специјални сили на трите држави како и поддршка на Македонија за членство во НАТО, се дел договорените заложби на трилатералната средба во Охрид помеѓу министрите за одбрана на Македонија и Бугарија, Радмила Шекеринска и Красимир Каракачанов и  заменик министерот за одбрана на Албанија Петро Кочи.

- Со денешната средба повторно се оживеа Кордорот 8 на трилатерално ниво, а кога се разговара се наоѓаат решенија. Ако соработуваме за изградбата на Коридорот за да ја поттикнеме економијата тоа ќе претставува уште една економска соработка, а нашите граѓани да се чувствуваат сигурни и безбедни, нагласи Шекеринска.

Албанскиот заменик министер Кочи уште еднаш ја искажа поддршката на Албанија дека заедно со Бугарија ќе бидат силни поборници Македонија да стане 30. членка во НАТО.

шекеринска каракачанов

Министерот Каракачанов истакна дека Коридорот 8  е проект кој ќе го поврзе Црното со Јадранското море, кое поврзување е во економски интерес за трите држави, а тоа, според него, ќе претставува нови инвестиции кои се неопходни на државите.

- Соработката во одбраната има цел да покаже дека Македонија која не е членка во НАТО, а Албанија и Бугарија се, да се докаже дека е добро вашата држава да биде 30. член на Алијансата, истакна Каракачанов.

Соработката на трите држави, според бугарскиот министер, не е интерес само на трите држави туку дека кон овој процес треба да биде вклучено  Косово, при што ќе се пружи шанса сите економски да се развиваат, да имаат просперитет, сигурност и мир.