Македонија
13. September 2017 - 16:31

Поддршка од САД за членство во НАТО

САД се стратешки партнер на Македонија, а доказ за тоа е и блиската соработка мегу армиите на двете држави, потенцираше генерал мајор Стивен Креј, командант на Националната гарда на Вермонт,  кој е во во неколкудневна посета на Македонија. 

Соработка мегу двете армии секојдневно се докажува на дело, изјави  министерката за одбрана, истакнувајкки декаво заеднички активности  со  националната гарда на Вермонт учествувале  повеке од 4 500 припадниици на АРМ. Шекеринска очекува подршка од САД за остварување на стратешката цел- влегување на Македонија во НАТО.

По средбата со армискиот врв и министерката за одбрана, Креј  најави дека САД се подготвени да помогнат во секторот за справување со природни катастрофи, но и  во обуката  на македонските подофицери.