Бизнис
10. February 2016 - 8:29

Поддршка од над 400 илјади долари за иновативни бизниси

Фондот за финансирање на иновативни бизниси на УСАИД, имплементиран од Развојна Фондација Кримсон  од 2012 година има одобрено 12 кредити во износ од 443.655 долари.

Поддржани се две start-uп компании, една компанија во сопственост на малцинствата, и две компании во сопственост на жени. Оваа поддршка, исто така, резултира со отворање на 50 нови работни места, од кои 26 за жените и малцинствата, а се обезбеди зголемување на извозот и нови продажби во износ од повеќе од 2 милиони долари.

Денеска во Скопје ќе бидат презентирани резултатите на проектот во периодот 2012-2015 година, важноста на пристапот до финансиски средства за поттикнување на иновации и развој на мали и средни претпријатија, како и улога на финансирањето на УСАИД во успешното воспоставување на фондот за финансирање на иновативни бизниси.

Обраќање ќе имаат директорот на УСАИД Џејмс Стајн и претседателот на Развојна Фондацијата Кримсон Мајкл Голд.