Македонија
12. July 2017 - 20:52

Поддршка од Меркел за реформите и евроатлантската интеграција

Премиерот Зоран Заев денеска во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Германија Ангела Меркел, на која таа изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопшти владината прес-служба. 

Заев на средбата истакнал дека Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евроатлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните.

- Канцеларката Меркел најави поддршка од Република Германија во реформскиот и евроатлантскиот интеграциски процес. Изразена е заедничка определба да продолжи со уште поголем интензитет соработката помеѓу Република Македонија и Република Германија во области важни за граѓаните на двете земји, информира владината прес-служба за средбата на Заев со Меркел во Трст каде денеска се одржа самит „ЕУ - Западен Балкан“.