Поддршка од ЕУ за реформската агенда на Владата
Силна поддршка за реформската агенда што ќе ги отвори перспективите на Република Македонија кон Европа, добил денеска премиерот Зоран Заев од амбасадорите на ЕУ.
Како што соопшти владината прес-служба, на заедничката средба било посочено дека обезбедувањето професионални институции, функционалност на Парламентот и независно судство и медиуми, се клучните области во кои се потребни итни реформи.
На средбата беа поздравени инклузивните политики и беше пренесена порака на оптимизам од Брисел - дека Владата на Македонија ќе ја постави државата на европскиот пат. Како значајна беше нагласена определбата Република Македонија да биде европска земја.
- Посветени сме на дефинирање краткорочна и среднорочна агенда за ургентните реформски приоритети. За тоа ќе разговарам и со еврокомесарот Хан во Брисел. Евроатлантските интеграции се стратешка цел на Македонија и интерес на граѓаните на Македонија е да добие демократски институции, рече Заев.
Заев потенцирал дека во интерес на граѓаните и државата, Владата е подготвена да соработува со опозицијата и со претседателот Иванов.
- Насочени сме и кон соработка со цивилниот сектор и со сите други општествени чинители, зашто само заедно можеме вистински да придонесеме кон развој на Македонија, а со тоа и да обезбедиме квалитетен живот за сите граѓани, истакна премиерот.
На средбата со амбасадорите во Владата на која присуствуваа и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, Заев изрази благодарност до земјите членки на ЕУ за помошта и поддршката на принципиелно и пријателско ниво за развојот на демократските процеси во земјава.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот