-->
-->
Поддршка од 4,5 милиони денари за спортските клубови и граѓанскиот сектор од Македонска Каменица
-->
Со 4,5 милиони денари општината ќе ги помага спортските клубови и здруженија на граѓани во Македонска Каменица. Најмногу од средствата од општинскиот буџет се наменети за поддршка на фудбалскиот клуб „Каменица Саса” на кој каменичките советници на последната седница му одобрија два милиони и 100 илјади денари. Ова за тренерот на екипата Климент Ѓорѓиевски ќе биде доволно екипата успешно да ја доврши сезоната во втората фудбалска лига.
-Кај нас главни донатори се рудник Саса, општина Македонска Каменица, па потоа дел се членарините од фудбалерите до 12 години. Ние побаравме сума која е минимална и е потребна да функционираме. Наскоро стартува пролетниот дел од сезоната, а овие средства ќе бидат доволни да ја завршиме сезоната, истакна Ѓорѓиевски.
Освен ФК „Каменица Саса” поголем дел од средствата вкупно милион и 100 илјади доби женскиот прволигаш во кошарка, екипата на „Баскет Кам” додека каменичкиот Совет одлучи од општината поддршка да добијат вкупно 13 апликанти.
Како што беше напоменато на последната седница на Советот на општина Македонска Каменица планирано е додатно издвојување средства со кои општината активно ќе се вклучи кон овозможување на основни услови за одржување и помагање во реализацијата на проектите организирани од правни и физички лица, кои во изминатиот период во континуитет работат во областа на културата и спортот во општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер