Македонија
24. March 2017 - 13:28

Податоците на Државниот завод за статистика отсега и на мобилна апликација

Државниот завод за статистика воспостави апликација за мобилни уреди - Макстат на која корисниците ќе можат да ги следат статистичките податоци преку нивните мобилни телефони.

Макстат апликацијата содржи информации за најважните социоекономски индикатори во Македонија и статистички податоци продуцирани преку статистичките истражувања на Државниот завод за статистика и Народната банка на Република Македонија.

Апликацијата е достапна на македонски и на англиски јазик.