Џет-Сет
11. May 2018 - 14:42

Подарокот за свадба на Прија и Филип од Бобо и Брена боли глава, тоа е нешто баснословно!

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ наголемо се подготвуваат за свадба која е закажан на 21 јуни.

Меѓутоа младенците и не сонуваат какво изненадување подготвуваат Лепа Брена И Бобо Живојиновиќ. Како што дознава Курир, газдарицата на Гранд и некогашниот тениски ас на Прија и Филип им купуваат куќа, во која брачниот пар ќе живеат во неа после свадбата.

- На Александра и Филип се им е стокмено. Тие двајцата имаат се во животот. Млади се и успешни во своите професии. Бобо и Брена горди се на нив и долго размислувале како да ги израдуваат и што да им подарат на така важниот ден. Бидејќи две години живеат во станот на Александра, тие сакале да ги израдуваат така што ќе им купат куќа. Ни Филип ни Александра незанаат за тоа, бидејќи Брена и Бобо сакаат да ги изненадат на свадбата – вели извор близок на семејството Живојиновиќ.

Тој вели дека веќе разгледувале неколку куќи и дека најмногу им се допаднала една која се наоѓа на Бежанија.

- Куќата е по нивен вкус. И Брена и Бобо се сигурни дека ќе им се допадне на младенците. Во прашање е нова градба, модерна, и добро средена куќа која се наоѓа во нивното сосетство, па ќе бидат близу. Направена е по светски стандарди и не е воопшто ефтина, но тоа за нив не претставува проблем, бидејќи ја купуваат со љубов и сакаат да им биде удобна и убава – вели соговорникот.

- Двајцата воделе сметка за секој детал. За нив битен е датумот и желбата да се чуствуваат убаво, како и нивните гости.

На Филип мајката и сестрата се пресреќни бидејќи нејзиниот син се жени со жена со која одлично се согласуваат.

Се обидовме да стапиме во контакт со Пријакович, но таа не одговорила на повиците и пораките, како ни Брена.