ПОДАРЕНО СРЦЕ

Loading Video...

"Подарено срце" е летна приказна за едно рането срце, во која ги гледаме актерите кои се прославија со улогите во "Убавата селанка" и "Имотот на дамата".

Назли е млада девојка, весела и секогаш оптимист во животот, и покрај срцевата болест со која живее. За да се спаси нејзиниот живот е потребна трансплатација на срце, а доколку тоа набрзо не се случи, на убавата девојка ѝ претстои смрт. Во меѓувреме, за да му помогне на своето семејство, таа продава колачи на улица и на тој начин заработува. Еден ден додека работи, на истанбулските улици го запознава богатиот бизнисмен Фират и двајцата се вљубуваат еден во друг. Тој ја внесува во светот на богатите, каде освен гламур и пари, владее и криминал и опасни игри во кои ривалите сакаат да го убијат и тргнат Фират од патот.

Улоги : Caner Cindoruk (Фират), Gizem Karaca (Назли), Rıza Kocaoğlu (Џемил), Naz Elmas (Сибел), Derya Alabora (Муала).