Живот
13. December 2018 - 18:51

Под перница пред спиење во новогодишната ноќ ставете шпил карти: Ако извлечете херц, еве што ве чека во 2019!

Нова година е време кога се повлекува црта, се смислуваат планови и желби и се врти нов лист. Една од класичните новогодишни желби е полно успех, а нашиот народ со векови има неколку обичаи кои велат гарантираат успех во престојниот период.

Многу љубов, добра работа, добро здравје, тоа сите го сакаме и себеси и на своите ближни. А како би сте ги зголемиле своите шанси тоа навистина да се случи, обидете се да ги проследите овие вековни народни традиции, ништо не ве чини, а може да помогне.

Ставете се на хартија

Традицијата налага на 12 парчиња хартии да ги запишете своите 12 желби. Ставете ги под перница и преспијте на нив. Наутро, на 1 јануари, штом ќе се разбудете, завлечете ја раката под перницаа и извлечете три ливчиња. Според народното верување, тие три желби ќе ви остварат во наредната година.

Под перница ставете шпил карти

Ако се уште не сте ја нашле својата сродна душа и силно сакате токму оваа година тоа да се случи, постои народен обичај врзан и за тоа. И во овој случај, на 31 декември под перница треба да ставите четири крала од шпил карти. Кога ќе се разбудтите на 1 јануари, завлечете ја раката под перница и извлечете еден, кој ,според преданието, ќе ви биде суден.

ПИК: Ако сте го извлекле овој крал, тоа значи дека вашата љубов ќе биде постара од вас

ТРЕФ:Овој крал означува личност која зад себе веќе имала брак

ХЕРЦ: Ако ја извлечете оваа карта, вашата друга половина е помлада личност

КАРО: Ова значи дека сродната душа веќе ја познавате, односно дека ќе ја пронајдете во вашиот тесен круг на пријатели

За пари

Ако сакате повеќе пари во новата година, на 31 декември наполнете ги сите паричници, но и сите предмети каде држите пари, дури и сите паричници  кои ги чувате, а не ги користете. Исто така наполнете го фрижидероти тоа повеќе од вообичаено, бидејќи тоа значи дека наредната година нема ништо да ви недостига

Не фрлајте ништо

На 1 јануари строго е забрането било што да се фрли и да се изнесува од дома, тоа вклучува и трошки од чаршаф, а сето како би ја избегнале немаштината во наредната година.

Здравје

Народното верување вели дека во новогодишната ноќ жение до 12 часот треба да бидат нагрнати со шал, кои ќе го симнат на полноќ. Со симнување на шалот се симболизира оставање на сите болести и лоши работи во старата година.