Македонија
9. April 2017 - 11:03

Почувствуван земјотрес во Прилеп, епицентарот во Грција

Земјотрес е почувствуван изутрина во 7:39 минути во Прилеп и околината, со интензитет меѓу три и четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот бил во Грција на 110 километри од Скопје, со јачина од 3,9 според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот регистриран вчера попладне во Дебар, Тетово, Гостивар, Скопје и околината,  беше со епицентар во Албанија во граничното епицентрално подрајче Дебар-Пешкопеја, а со интензитет од 4,8 степени според Рихтер.