Почнуваат рестрикциите во електроснабдувањето во Косово
Косовската компанија за електродистрибуција (КЕДС) соопшти дека денеска почнуваат рестрикции на потрошувачката на електрична енергија.
Потрошувачите ќе имаат струја шест часа, а потоа два часа ќе бидат исклучени.
Од компанијата е појаснето дека потрошувачите ќе се снабдуваат со електрична енергија исклучиво од домашно производство, бидејќи КЕДС веќе нема финансиски средства да купува струја.
Од компанијата наведуваат дека таквата состојба настанала поради енормните цени на електричната енергија на меѓународните пазари и недоволното покривање на трошоците на системот.
КЕДС ја обвини Владата на Косово бидејќи на добавувачот ни му дала ништо од субвенциите во износ од 100 милиони евра.
„При вонредната ревизија на тарифите, регулаторот ја зеде предвид државната субвенција од 100 милиони евра. Ниту еден цент од таа сума не беше распределен на добавувачот. Тоа дополнително ја влоши ситуацијата“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица