Почнуваат парламентарните избори во Непал
Северните области на хималајската држава Непал денеска гласаат на делумните парламентарни и регионални избори, кои се одржуваат под засилено полициско присуство поради серијата бомбашки напади во пресрет на гласањето.
Импровизирана бомба вчера експлодираше пред куќата на поранешниот премиер и актуелен опозициски активист Шарма Оли, а полицијата превентивно уапси 500 припадници на Комунистичката партија на Непал, за да спречи посериозни насилства, јави новинската агенција ДПА.
Денеска гласаат околу три милиони гласачи во 32 од северните области во земјата. На 7 декември, пак, гласат граѓаните во главниот град Катманду и во јужните, по-рамничарски области. Главната политичка битка се води меѓу владејачката лево ориентирана Непалска конгресна партија и коалицијата на марксистичко-ленинистичките партии со маоистичкото движење.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност