Македонија
15. December 2018 - 10:39

Почнуваат активностите во новогодишната населба „Винтерленд“ во Скопје

 

   Активностите во новогодишната населба „Винтерленд“  на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје почнуваат денеска со со детската програма „Волкот низ приказните“, улични забавувачи и дружење со Walt Disney маскоти.

„ВИНТЕРЛЕНД“ ја сочинуваат украсени куќички каде што има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер  за посетителите од сите возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика, а за вљубениците во зимските спортови во населбата е поставено и лизгалиште на мраз.

Програмскиот дел  во текот на неделата почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот, а трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.

Во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Златно славејче, улични забавувачи, Walt Disney маскоти, балетската и фолклорна секција од ДКЦ, хоровите од средните училишта на Град Скопје „Никола Карев“, „Раде Јовчевски-Корчагин“,„Васил Антевски-Дрен“,„Панче Арсовски“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Јосип Броз-Тито“ и „Орце Николов“, како и ди-џеј  Flooder, ди-џеј  Милан Серафимов, Plan G, RNC Band, In the mood, Day OFF, Марко и Црни, DNK, Мина Блажев, ди-џеј Тина, Goce SAF, Лозано, Lady Blue, Peppermint, South Park, Салса бенд, Breakdown, Kepurdhat, Ѓоко Танески, Дарио,  Џоле Максимовски, Tafa&Theband  и Тони Зен.

Новогодишната програма и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба. Исто така, настапите на средните училишта од Град Скопје, како дел од забавната програма, се поддржани од Делегацијата на Европската Унија.

Годинава  Дедомразовската трка ќе се одржи на  23 декември со почеток од 12 часот.

Град Скопје ги поканува граѓаните да дојдат во населбата „ВИНТЕРЛЕНД“ и сите масовно да учествуваат во  предновогодишната  забава на која одличен додаток  ќе бидат греаното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата