Почнуваат 47 научно-културни средби „10 дена Крушевска република“
Од денеска до 10 август во Крушево ќе се одржуваат 47. Научно-културни средби „10 дена Крушевска република“, со кои ќе се одбележат 112 години од Илинденското востание и 110 години од смртта на претседателот на Крушевската република - Никола Карев.
Свеченото отворање на манифестацијата е вечер во 20.30 часот на платото на споменикот „Македониум“ на Гумење со голем народен собир и богата културно-уметничка програма. Ќе биде прочитан Крушевскиот манифест и подигнат бајракот на столбот на Крушевската република.
Претходно, во споменикот „Илинден“ во 19.30 часот, по повод 110 години од загинувањето на Никола Карев, ќе биде отворена изложба на документи насловена „Никола Карев - патешествие низ документи“ во организација на Историски музеј-Крушево.
- Крушево е подготвено за манифестацијата и за пречекот на сите посетители. Извршени се сите подготовки, реконструиран е патот Крушево-Демир Хисар, како и главната сообраќајница во градот, влезот и платото на Гумење. Градот располага со доволен број сместувачки капацитети. Во наредните 10 дена со бројни настани, саеми, изложби, со богата програма, научни трибини ќе се потсетиме на еден од најславните моменти од историјата на македонскиот народ, момент кој треба да биде ѕвезда водилка за сите нас, изјави во пресрет на манифестацијата Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево и претседател на Научно-културните средби.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел