Македонија
21. January 2020 - 8:58

Почнува второто полугодие од учебната 2019/2020 година

По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година.

Наставата ќе продолжат да ја следат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20 000 првачиња.

Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука.