Македонија
18. December 2019 - 12:06

Почнува втората фаза од процесот на деинституционализација

Откако децата кои беа сместени во институции сега се згрижени во мали групни домови министрката за труд и социјала најави дека почнува вториот дел од овој процес односно со обезбедени средства од министерството општините да овозможат социјални услуги на локално ниво како со лични асистенти, грижа за стари и болни лица итн.

Од 182 деца штитеници во државата само уште 3 се останати во институции, другите се сместени во мали групни домови. Царовска очекува и тие 3 деца догодина да бидат згрижени во нов дом.

Александар Динев