Македонија
2. July 2018 - 8:18

Почнува третата сесија на Охридската школа за природното право

Од денеска до 7 јули во организација на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) со поддршка на амбасадите на САД и на Шпанија, ќе се одржи третата сесија на Охридската школа за природното право. 

Гости предавачи на школата денеска ќе бидат претседателот на МАНУ академик Таки Фити, академикот Владо Камбовски, министерка за правда Рената Дескоска и други. 

Во рамки на Охридската школа, која се одржува во „Куќата на Уранија-МАНУ“, се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии и петмина студенти на докторски студии од правните факултети на државните и приватните универзитети во државата. 

Свое присуство на школата потврдиле повеќе академици, еминентни професори и истакнати експерти.