Почнува третата рунда преговори за Брегзит во Брисел
Велика Британија и Европската унија денеска ќе ја започнат третата рунда преговори за Брегзит со состанокот на главниот преговарач на Унијата Мишел Барни и неговиот британски колега Дејвид Дејвис.
По денешната средба, ќе следат тридневни преговори и заедничка прес-конференција.
- Претставниците на ЕУ, пред почетокот на преговорите, порачаа дека мора да биде остварен „заеднички напредок“ во трите клучни точки - правата на државјаните на ЕУ во Велика Британија по Брегзит, границата со Северна Ирска и „цената на разделбата“ (финансиските обврски на Лондон кон ЕУ), за потоа да може официјален Брисел да го разгледа прашањето на Лондон за преговорите за идните односи.
Британските претставници нагласија дека е најдобро да се водат паралелни преговори со цел, решавањето на трговските прашање да може да помогне во решавањето на другите проблеми.
Договорот, треба да биде направен до октомври 2018 година, а потоа останува период од шест месеци, до март 2019 година, кога би требало да се заврши ратификацијата на договорот во земјите-членки, а потоа да следи официјален излез на Велика Британија од ЕУ.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид