Македонија
22. September 2018 - 16:34

Почнува штипската Пастрмајлијада

Започна 12-та по ред „Штипска пастрмалијада“. Годинава штипјани го угостија евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој истакна дека многу слушал за штипскиот кулинарски специјалитет и за прв пат му се укажала можност и да го вкуси.

-Да, многу е вкусна, како што ми и рекоа, дури и подобра. Среќен сум што присуствувам на традиционален настан надвор од Скопје. ЕУ прави големи напори да ја зачува традицијата-изјави Самуел Жбогар, евроамбасадор во РМ.

-Ова покажува дека нашите општини и институции навистина водат сметка да го зачуваме и да го надградиме оба што е добро и она што наше-изјави Радмила Шекеринска, вицепремиер.

-Денеска имаме многу гости, но очекуваме и во наредните денови да имаме уште повеќе гости од надвор од Штип, од цела Р. Македонија, но и надвор од земјата-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Традиционално, на отворањето беше пресечена и поделена џиновската пастрмајлија, со должина од 2 метри и 40 сантиметри, широчина 1 метар и тешка 50 килограми.

-Ни беа потребни околу 4 часа за приготвување, за правење и ни беа потребни околу половина час за печење-изјави Стојанче Мицев, готвач.

Посетителите вчеравечер ги забавуваа Кристина Арнаудова, Дани, култните Леб и Сол и Ван Гог, а вечерва настапува Северина.