Почнува шестиот фестивал „Скопје Креатива 2017“
Под мотото „Креирај, кокреирај“ (Do Create! Co Create!), вечер во Младинскиот културен центар ќе почне шестиот фестивал за креативни индустрии „Скопје Креатива 2017“.
Покровител и годинава е Град Скопје, а организатор Конгресниот центар „Александар Македонски“ од Скопје.
Фестивалот, кој ќе се одржува до сабота, има отворен карактер и сите заинтересирани ќе може да учествуваат на стручните предавања, презентации, работилници за деца и за возрасни и на форум посветен за директно здружување на дизајнерските уметнички заедници со бизнис секторот.
Публиката ќе може да ги погледне проектите „Виртоскоп“ на Газменд Ајруловски, работилницата за деца „Мириса на дожд“ (изработка на мантили за деца), едукативната работилница на Изабела Новотни за развојот на кукленото мајсторство, „ХАЕМУС“ со Розалии-празникот на розите, Невена Тодоровска со Мулти-Фан-Акција, Драган Христов со Експериментална унисекс колекција, Вера Христовска со „Разгледници од Македонија“...
Од странските истражувачи предавања ќе имаат Франк Циренберг од Германија, Микхал Пијерниковски од Полска, Дорина Арапи од Албанија...
Кураторот на фестивалот Иван Мирковски смета дека мотото на фестивалот „Креирај, кокреирај“ треба да генерира предизвици и да создаде нови методолошки пристапи кон самиот процес на соработка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација