Македонија
27. March 2018 - 19:15

Почнува реализација на проектот за изградба на новиот клинички центар во Злокуќани

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за започнување на Проектот за изградба на комплекс Универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош и го задолжи Министерството за транспорт и врски, и соодветните институции и општина Карпош, да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко – проектни документи за 2018 година.

Како што информираат од владината прес-служба, со оваа одлука на Владата, Министерството за здравство треба да му препорача на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да формира Стручна комисија и да спроведе јавен конкурс за идејно решение на дел од комплексот Универзитетски клинички центар.