Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“
Од денес стартува пријавувањето за трката „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи на 6 октомври. Тие кои ќе се пријават во текот на денешниот и утрешниот ден ќе може да го одберат својот стартен број.
Исто како и претходно, на агендата се две трки и тоа трката на 10 километри и штафетната трка од два пати по 5 километри.
За повеќе информации за „Skopje Run 10K“ посетете ги официјалните канали за комуникација: http://www.skopje.Run и https://www.facebook.com/
Онлајн пријавувањето ќе биде активирано и кај партнерот за пријавување www.smartrace.club.
Секој учесник ќе може како дополнителен продукт да купи и dry fit маица со логото на трката, а 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели.
„Skopje Run 10K“ веќе втора година е дел од календарот на Атлетската федерација (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море