Кошарка
10. October 2015 - 15:35

Почнува новото првенство во македонската кошарка

 
По четири месеци пауза најдобрите екипи во македонската кошарка викендов ја започнуваат трката по 24-тата шампионска круна во Првата лига.
 
Бранителот на тронот МЗТ Скопје Аеродром со реновиран тим и сезонава е првиот фаворит за освојување на титулите на домашната сцена.
 
Своја шанса за тронот гледаат Куманово и Карпош Соколи, додека најтрофејниот клуб Работнички сезоната ја почнува без странци во составот.
 
Дебитант во Првата лига е Бест од Гевгелија.
 
Двојки за првото коло:
Кожув – Работнички (денеска),
Карпош Соколи – Бест (денеска),
МЗТ Скопје Аеродром – Струмица (недела).
Фени Индустри – Куманово (вторник - 13 октомври),