Македонија
15. November 2017 - 17:16

Почнува мониторингот за птичји грип

- Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од денеска почнува со мониторинг на птичји грип преку земање крв од домашна живина и диви птици што е пракса секоја година. 

По последниот случај на појава на болеста во февруари 2017, во Македонија досега не е регистриран нов случај на авијарна инфлуенца.

Од втори ноември годинава АХВ воведе забрана за увоз на живина, производи од живина и нус-производи од животинско потекло од регионот на Добрич, Бугарија, каде беше констатирана појава на птичји грип. Забраната на осми ноември беше проширена и за регионите на Кливен и Хасково.

Како што велат од АХВ за МИА, контролите на граничните премини се засилени, но досега нема вратени пратки од регионите за кои важи забраната.

- Забраната за увоз од оваа, но и од сите други земји и региони каде е утврдено присуство на болеста останува на сила се додека не се сузбие болеста, информираат од Агенцијата.

Забрани за увоз неодамна беа воведени и за региони од Франција и Италија, како и за региони од Белгија, Чешка, Словачка,...